Финалисти » Електрифициран Автомобил
Претходна Категорија
Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Електрифициран Автомобил за 2022.
Opel Mokka-e
Третиот по ред кросовер кој доаѓа од Opel, моделот Mokka, во својата втора генерација пристигна со новото Vizor лице на германската марка, заедно со целосно дигитализираната кабина благодарение на Pure Panel филозофијата која го наметнува како сериозен конкурент во компактната класа. Во согласност со новите движења во автомобилската индустрија, компактниот кросовер Руселхајм добива и целосно електричен погон. Со најсовремените технологии и бескомпромисниот дизајн, Mokka-e ја прави е-мобилноста забавна на секој начин.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Peugeot 308 HYbrid
Новата генерација на еден од главните адути на француската марка дебитираше минатата година, заедно со новото лого на компанијата. Peugeot со 308 ја следи дизајнерската филозофија наметната со претходните модели, а благодарение на „моќта на изборот“, францускиот хечбек е достапен и со електифициран погон, покрај конвенционалните мотори. Како резултат на тоа, 308 е достапен во две PHEV верзии кои нудат до 60 километри електричен опсег на движење.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Porsche Taycan Cross Turismo
Првиот електричен модел на Porsche доби и своја караванско/кросоверска верзија. Taycan Cross Turismo ги спојува практичноста, перформансите и оф-роуд доживувањата спакувани во електричен автомобил кој нуди врвно премиум чувство и неприкосновен комфор за патниците.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Volkswagen ID.4
Volkswagen со лансирањето на ID семејството на електрични автомобили сака да се наметне како лидер во електромобилноста во светот. ID.4 треба да игра клучна улога во овој план на германскиот гигант, а комбинацијата на електричен погон и SUV карактеристики се покажуваат како одличен рецепт.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk