За Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил

Златно Тркало е нов уникатен начин да го најдеме најпосакуваниот автомобил кај нас – на гласање се ставени финалистите пред ВАС, сите луѓе од Македонија кои се изложени на интернет и социјалните мрежи, за да формираат резултати според кои ќе се види интересот на реалните љубители и купувачи на автомобили.

Изборот е оформен на иницијатива на Авто Плус, а во него во функција на организатори и презентери на моделите се јавуваат Авто ПлусCARclub.mkCars by Vik и RPM.mk.

Секоја година ќе ги одбираме најпосакуваните автомобили во неколку различни категории:

  • Главна Награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија
  • Најпосакуван Бизнис Автомобил во Македонија
  • Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија
  • Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија
  • Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија (возила со дополнителен електричен мотор и можност за движење само на струја).

Доколку во годината се појават други карактеристични модели(спортски, перформансни, луксузни итн), најмалку 3(три) од иста категорија, ќе се оформи дополнителна категорија за таа година.