Финалисти » Премиум Автомобил

Претходна Категорија

Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Премиум Автомобил за 2022.

Porsche Taycan Cross Turismo

Првиот електричен модел на Porsche доби и своја караванско/кросоверска верзија. Taycan Cross Turismo ги спојува практичноста, перформансите и оф-роуд доживувањата спакувани во електричен автомобил кој нуди врвно премиум чувство и неприкосновен комфор за патниците.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Audi A3

Новата генерација на Audi A3 визуелно делува мошне слично со претходната итерација. Германската марка направи суптилни промени во дизајнот, но она што е под површината прави A3 да се издвојува во однос на конкуренцијата. Комбинацијата од врвен ентериер, докажан квалитет и моќни мотори, прават A3 да биде особено интересен на македонскиот пазар.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Audi Q5 Sportback

Audi Q5 Sportback се одликува со динамични линии, а покрај својот експресивен дизајн и технолошките иновации, моделот се одликува и со својот спортски карактер, но и високото ниво на секојдневна употребливост, што го прави посебно привлечен за купувачите.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Следна Категорија