Финалисти » Семеен Автомобил

Претходна Категорија

Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Семеен Автомобил за 2022.

Dacia Duster

Duster несомнено го надополнува успехот на новата насока на Dacia. Модернизираниот дизајнерски јазик, ефикасните погонски единици и современите технологии, заедно со препознатливите перформанси на овој SUV модел, прави Duster да биде уште поинтересен за сè поголема група на купувачи.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Nissan Qashqai

Моделот кој претставува зачетник на „кросовер манијата“ повторно ги поместува границите и поставува стандарди за кои конкурентите ќе мораат добро да се потрудат за да ги надминат. Со својата појава, Qashqai ги спојува идеалните димензии на автомобил од компактната класа и практичноста на еден SUV.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

SSangYong Rexton

SsangYong Rexton е знаменосецот во палетата на корејскиот производител на премиум автомобили во SUV класата. Фејслифтот ги спојува одличните перформанси со врвен дизајн и перфекција во секој детал од изработката, заедно со максимална функционалност, удобност и престиж.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Kia Sportage

Kia Sportage за првпат доби своја верзија специјално дизајнирана за Европа. Со одважен и модерен дизајн, петтата генерација на овој кросовер ја следи новата дизајнерска филозофија на корејскиот бренд, а целосно дигитализираната кабина дефинитивно претставува предност во овие модерни времиња.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Toyota Highlander

SUV модел кој долги години бележи успеси, но е новитет на пазарот во Европа. Растот на побарувачката на SUV, ја натераа Toyota да ја доведе актуелната генерација на Highlander и на Стариот континент, а впечатокот е дека воопшто не погрешија.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Suzuki S-Cross

Оригинално претставен во 2006 година, моделот од B-сегментот на Suzuki сега влегува во својата трета генерација, а јапонската марка одлучи да го направи S-Cross многу поконкурентен благодарение на позрелиот и поробусен дизајн, кој без дилеми ќе привлече огромен интерес кај купувачите.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Следна Категорија