Национален Избор за Најпосакуван Автомобил

Златно Тркало 2023 – Победници!

Заврши гласањето од овогодинешното издание на Златно Тркало каде вие ги избравте најпосакуваните автомобили во три различни категории!

Како што се наближуваме кон крајот на уште еден циклус Златно Тркало кој ќе кулминира со свеченото доделување на наградите, денес со особени гордост и задоволство можеме да ги објавиме овогодинешните победници кои ги одбравте токму вие – нашата публика!

Оваа година имавме вкупно 12.875 гласања во три различни категории, а победниците се:

Најпосакуван Семеен Автомобил – Toyota Corolla Cross

Со 30.49% од освоените гласови во категоријата, Toyota Corolla Cross беше изборот на нашата публика кога станува збор за семеен автомобил. Докажаниот квалитет на Toyota во комбинација со одличниот хибриден погон, врвната практичност и одличниот тајминг се силни аргументи – аргументи кои беа повеќе од доволни за Corolla Cross да биде избрана за Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија за 2023!

Најпосакуван Премиум Автомобил – Alfa Romeo Tonale

Новиот Tonale е по многу нешта прв – прв електрифициран автомобил на Alfa Romeo, а воедно и прв компактен SUV на италијанскиот бренд. Комбинацијата од привлечен дизајн, врвните, добро-познати возни својства како и одличното спортско педигре на италијанскиот бренд го препознаа 35.64% од гласачите во категоријата – па Tonale е Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија за 2023!

Најпоскуван Автомобил – Peugeot 408

Со новиот 408, Peugeot понуди автомобил кој е навистина неочекуван и несекојдневен. Новиот 408 крши стереотипи и поставува нови правила во автомобилскиот дизајн. Храбар, поинаков и бесрамно самоуверен, новиот 408 беше изборот на 30.62% од гласачите во категоријата и заслужено е избран за Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија за 2023!

Им честитаме на сите победници – конкуренцијата годинава беше силна и борбата во некои категории траеше до самиот крај. Им благодариме на сите учесници, а ви благодариме и на вам – нашите читатели кои ни помогнавте уште еднаш да ги откриеме Најпосакуваните Автомобили во Македонија.

Златно Тркало 2023 – Финалисти!

Денес ја започнуваме најновата рунда на Златно Тркало – оваа година осум кандидати ќе се натпреваруваат во три различни категории. Погледнете ги финалистите и дознајте повеќе за нив!

Што е всушност Златно Тркало?

Златно Тркало е нов уникатен начин да го најдеме најпосакуваниот автомобил кај нас – на гласање се ставени финалистите пред ВАС, сите луѓе од Македонија кои се изложени на интернет и социјалните мрежи, за да формираат резултати според кои ќе се види интересот на реалните љубители и купувачи на автомобили.

Како да учествувам?

Лесно! Избери го својот фаворит во секоја од категориите – резултатите ќе ги објавиме на 1ви Март!

Златно Тркало 2022 – Победници!

Гласањето заврши, гласовите се преброени и ова се овогодинешните победници!

Златно Тркало 2021 – Доделување на признанијата!

Гледајте ја свечената церемонија во живо – Вторник, 18ти Мај, 19:45!

Златно Тркало 2021 – Победници!

Гласањето заврши, гласовите се преброени и ова се овогодинешните победници!

Златно Тркало 2021 – Гласањето Заврши!

Заврши овогодинешниот Избор за Најпосакуван Автомобил. Погледнете кои беа кандидатите!

Златно Тркало 2021 – Финалисти!

Започнуваме со претставување на финалистите – листата на кандидати кои ќе се натпреваруваат во овогодинешното издание на Златно Тркало е веќе објавена – погледнете ги финалистите, а наскоро ќе започнеме и со гласањето.

Златно Тркало 2021 – Широка листа на кандидати.

Започнува нов циклус на Националниот Избор за Најпосакуван автомобил, и со огромни гордост и задоволство ја објавуваме широката листа на возила-кандидати.

Во следните неколку седмици ќе ги објавиме финалистите во секоја од нивните категории, а во меѓувреме тука можете да ја погледнете широката листа на кандидати.

Победници за 2020!

Со задоволство ги објавуваме победниците на првото, инаугуративно издание на Златно Тркало. За да ја видите листата на победници во секоја категорија, кликнете тука.

Што е всушност Златно Тркало?

Златно Тркало е нов уникатен начин да го најдеме најпосакуваниот автомобил кај нас – на гласање се ставени финалистите пред ВАС, сите луѓе од Македонија кои се изложени на интернет и социјалните мрежи, за да формираат резултати според кои ќе се види интересот на реалните љубители и купувачи на автомобили.

Како да учествувам?

Лесно! Избери го својот фаворит во секоја од категориите – резултатите ќе ги објавиме на 1ви Март!