Финалисти » Главна Награда
Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Автомобил за 2021.

Dacia Sandero Stepway
Sandero Stepway е најмоќниот претставник на новата насока на Dacia. Модернизираниот дизајнерски јазик, ефикасните погонски единици и современите технологии ги прават сите нови модели на Dacia уште поинтересни за сè поголема група на купувачи.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Peugeot 2008
Новиот Peugeot 2008 е еден од моделите за кои има навистина многу интерес. Тоа го постигнува преку успешната комбинација на трендовски SUV пропорции, софистициран дизајн, многу опрема, врвна безбедност, француски шарм и моќни мотори.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Peugeot e-208
Со новиот е-208, Peugeot ја заокружува моделската понуда на 208 – и сега францускиот хечбек е достапен со конвенционални мотори, но уште поинтересно – и како целосно-електричен автомобил. Врвните технологии, одличната автономија и одличните перформанси го прават e-208 особено интересен!
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Volkswagen Golf
Осмата генерација на Golf воведува многу, многу измени – и за прв пат, народниот автомобил по кој цела една класа го носи името е целосно дигитализиран. Достапен со конвенционални, лајт-хибридни и плаг-ин хибридни погони, новиот Golf ветува дека може да понуди по нешто за секого.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Seat Leon
Најновата, четврта генерација на Leon воведе вистинска технолошка трансформација на шпанскиот хечбек. Врвните дигитални технологии, покрај одличниот дизајн и динамичните квалитети се силни атрибути на Leon!
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Škoda Octavia
Octavia секогаш ги поставувала правилата на игра во својот сегмент. Комбинацијата од врвна просторна понуда, докажан квалитет и моќни мотори ја правеле Octavia особено интересни за нашите купувачи. Новата, дигитална Octavia оди чекор понатаму!
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
