Финалисти » Премиум Автомобил
Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Премиум Автомобил за 2023.
Alfa Romeo Tonale
Новиот Tonale е неколку различни Први Нешта во историјата на Alfa Romeo i првиот компактен SUV, но и првиот електрифициран автомобил на италијанскиот бренд. Комбинацијата од емотивен дизајн, високи технологии и навистина врвен ентериер е супер-привлечна, а неизбежниот италијански дух успева да го издвои Tonale од конкурентите.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Audi e-tron GT
Audi e-Tron GT quattro има вкупна системска моќност од 476 коњски сили и 640 Nm. Launch Control системот ја зголемува моќноста на 530 коњски сили, а со тоа забрзувањето до 100 километри на час трае само 4.1 секунда. Максималната брзина е 245 километри на час. Според Audi, 100 километри автономија можат да се добијат за само 5 минути полнење, а вкупната автономија е до 487 километри.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Range Rover Sport
Новата, трета генерација на Range Rover Sport е поставена на новата MLA-Flex платформа која ја дели со уште поголемиот Range Rover. Новиот Sport ги добива сите врвни теренски технологии кои ги има и големиот Range Rover, а достапни се и нови погонски опции. Секако, кај Range Rover Sport доминираат луксузот, вниманието кон деталите и врвната изработка.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk