Финалисти » Главна Награда

Претходна Категорија

Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Автомобил за 2023.

Alfa Romeo Tonale

Новиот Tonale е неколку различни Први Нешта во историјата на Alfa Romeo i првиот компактен SUV, но и првиот електрифициран автомобил на италијанскиот бренд. Комбинацијата од емотивен дизајн, високи технологии и навистина врвен ентериер е супер-привлечна, а неизбежниот италијански дух успева да го издвои Tonale од конкурентите.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Citroën C4 X

Citroën за C4 X кажува дека е автомобил замислен да ги скрши сегментите и да се наметне како современа алтернатива на SUV моделите и да ги привлече оние купувачи кои не сакаат SUV, но не сакаат ниту конвенционален седан. Истовремено, C4 X нуди врвна просторна понуда, но и врвен комфор.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Peugeot 408

Новиот 408 е несекојдневен и неочекуван од секој агол. Со 408, дизајнерската филозофија на Peugeot ја доживува својата кулиминација, а автомобилот успева да ги надмине границите на конвенционалните сегменти и да понуди нешто навистина поинакво.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Renault Austral

Првиот модел на француската марка кој е поставен на третата генерација на CMF-CD платформата пристигнува како замена за Kadjar и со себе носи цела низа на новитети. Она што е веднаш впечатливо е целосно различниот дизајн со оглед на тоа дека Austral се одликува со свеж изглед на екстериерот и кабина исполнета со високо-технолошки решенија.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Toyota Corolla Cross

Toyota во вистински момент ја лансира Corolla Cross. Кросоверот базиран на Corolla ужива во благодетите од семејното име, но истовремено на пазарот го нуди токму она кое купувачите го бараат – повисоко седење, повеќе простор, врвна безбедност и ефикасен хибриден погон.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk