Финалисти » Главна Награда
Претходна Категорија
Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Автомобил за 2024.
Dacia Duster
Новата, трета генерација на Dacia Duster ветува дека ќе ја продолжи традицијата на практичен, но достапен семеен автомобил со нескриени теренски амбиции и можности. Новите, современи погонски единици и првиот хибрид во историјата на Duster ветуваат многу.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Jeep Avenger
Avenger настапува со нова и современа интерпретација на дизајнерскиот јазик на Jeep. Малата, робустна форма му дава доза на самоувереност која се истакнува меѓу директните и индиректни конкуренти.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Porsche Panamera
Новата Panamera покрај новиот дизајн и високо-технолошката кабина добива и проширена понуда на E-Hybrid хибридни погони и врвен нов систем за активна воздушна суспензија.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Nissan X-Trail
Новата, четврта генерација на големиот SUV на Nissan конечно пристигнува во Европа и ќе биде придвижувана од хибридни и лајт-хибридни погони.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Toyota C-HR
Новиот C-HR е дизајниран да се истакне, а не да се скрие во метежот и за прв пат се нуди со плаг-ин хибриден погон.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Skoda Enyaq
Кога Škoda лансира нов автомобил, сите внимателно гледаат. Зошто? Затоа што чешкиот бренд ретко прави грешки, а со првиот целосно-електричен модел, Škoda ќе се обиде да постави нови стандарди и нови очекувања.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Renault Megane E-Tech
Renault Megane E-Tech избива на сцената како привлечен конкурент во растечкиот сегмент на електрични семејни хечбек модели. Тоа не е само електрична верзија на Megane на бензин; тоа е радикален редизајн кој дава приоритет на уникатните предности на ЕВ платформата.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk