Финалисти » Електрифициран Автомобил
Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Електрифициран Автомобил за 2026.

Lynk & Co 02
Целосно-електричниот 02 на пазарот носи несекојдневен дизајн, ефикасен погон, одлична автономија и целосно раздвижување на електричната понуда.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Renault 5 E-Tech
Renault 5 E-Tech е директна антитеза на бездушноста на повеќето електрични автомобили. Беспрекорна комбинација на ретро шарм и современи технологии и сето тоа во привлечен, интересен пакет.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Geely EX5
Во електричниот се фокусира сето знаење и сета експертиза на кинескиот гигант Geely. Голем, практичен, електричен и ефикасен – EX5 е технолошки шоурум!
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Lynk & Co 08
Големиот 08 ги поместува границите на она што значи Плаг-Ин Хибриден автомобил. Автономија на струја која достигнува 200 километри, многу нови технологии и футуристички, самоуверен дизајн.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Skywell BE11
Skywell е само еден од примерите за тоа како кинеските компании не само што влегуваат во играта, туку и сериозно ја менуваат сликата за тоа што значи „премиум“ и „достапно“ електрично возило.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Lynk & Co 01
Темелно-ревидираниот 01 продолжува онаму каде постариот модел застана – а тоа значи уште поуверлив и поефикасен плаг-ин хибриден погон, значително-надградена платформа и препознатлив, храбар дизајн.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk

Mazda 6e
Електричниот седан кој доаѓа од далечниот исток се наметнува со ниската силуета, агресивниот дизајн, ефикасниот погон и многу, многу опрема.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk





