Златно Тркало 2025 – Победници!

Најпосакуван Семеен Автомобил – Opel Grandland

Големиот Grandland е знаменосецот на SUV гамата на Opel и освои 39% од гласовите. Достапен со хибриден, плаг-ин хибриден или пак целосно-електричен погон, Grandland нуди навистина современ избор и нуди просторно, комфорно, практично и хај-тек решение за семејните потреби.

Најпосакуван Градски Автомобил – Geely Coolray

Храбриот дизајн, моќниот мотор, модерните технологии и компактните димензии го прават Geely Coolray да биде интересен и забележлив избор. Со 24% од освоените гласови, Coolray беше урбаниот фаворит на нашите гласачи.

Најпосакуван Електрифициран Автомобил – Peugeot 3008

Редефинираниот SUV на Peugeot освои 30% од гласовите во неговата категорија. Peugeot одлучи радикално да го редизајнира 3008 и да го трансформира во еден поинаков, нестандарден SUV. Достапен е со хибриден, плаг-ин хибриден или целосно електричен погон и во целосно-електрична изведба ветува рекордна автономија од над 700 километри.

Најпосакуван Премиум Автомобил – Audi A5

Новиот Audi A5 наследува и комбинира два автомобили и ветува дека ќе го понуди најдоброто од Инголштад – нови, современи технологии, модерни погонски единици и вистински премиум дизајн. Со освоени 35% од гласовите, A5 се наметна меѓу конкурентите.

Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија – Cupra Formentor

Одличен старт за Cupra! Брендот кој е нов на македонскиот пазар веќе се истакна со неколкуте нови автомобили, а моделот кој го дефинираше брендот и освои 39% од гласовите е фаворитот на нашата публика.

Им честитаме на победниците за резултатот, но истовремено им благодариме на сите учесници. Секако, огромна благодарност даваме и на вас – нашите читатели! Ви благодариме за безрезервната поддршка годинава и сите изминати години! Ви благодариме што нè читате и нè поддржувате!