Златно Тркало 2023 – Победници!

Најпосакуван Семеен Автомобил – Toyota Corolla Cross

Со 30.49% од освоените гласови во категоријата, Toyota Corolla Cross беше изборот на нашата публика кога станува збор за семеен автомобил. Докажаниот квалитет на Toyota во комбинација со одличниот хибриден погон, врвната практичност и одличниот тајминг се силни аргументи – аргументи кои беа повеќе од доволни за Corolla Cross да биде избрана за Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија за 2023!

Најпосакуван Премиум Автомобил – Alfa Romeo Tonale

Новиот Tonale е по многу нешта прв – прв електрифициран автомобил на Alfa Romeo, а воедно и прв компактен SUV на италијанскиот бренд. Комбинацијата од привлечен дизајн, врвните, добро-познати возни својства како и одличното спортско педигре на италијанскиот бренд го препознаа 35.64% од гласачите во категоријата – па Tonale е Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија за 2023!

Најпоскуван Автомобил – Peugeot 408

Со новиот 408, Peugeot понуди автомобил кој е навистина неочекуван и несекојдневен. Новиот 408 крши стереотипи и поставува нови правила во автомобилскиот дизајн. Храбар, поинаков и бесрамно самоуверен, новиот 408 беше изборот на 30.62% од гласачите во категоријата и заслужено е избран за Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија за 2023!

Им честитаме на сите победници – конкуренцијата годинава беше силна и борбата во некои категории траеше до самиот крај. Им благодариме на сите учесници, на нашите колеги од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk, а ви благодариме и на вам – нашите читатели кои ни помогнавте уште еднаш да ги откриеме Најпосакуваните Автомобили во Македонија.