Почеток

Категорија 1 од 5

Финалисти » Градски Автомобил

Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Градски Автомобил за 2022.

Peugeot 308

Новата генерација на еден од главните адути на француската марка дебитираше минатата година, заедно со новото лого на компанијата. Peugeot со 308 ја следи дизајнерската филозофија наметната со претходните модели, а благодарение на „моќта на изборот“, францускиот хечбек е достапен и со електифициран погон, покрај конвенционалните мотори. Како резултат на тоа, 308 е достапен во две PHEV верзии кои нудат до 60 километри електричен опсег на движење.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Toyota Yaris Cross

Toyota им излегува во пресрет на европските купувачи, па затоа се решени да ја „кросовеизираат“ целата своја понуда на Стариот континент. Малиот Yaris ја доби својата кросовер верзија, а истата се покажува како мошне успешна на пазарот досега.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Opel Mokka

Третиот по ред кросовер кој доаѓа од Opel, моделот Mokka, во својата втора генерација пристигна со новото Vizor лице на германската марка, заедно со целосно дигитализираната кабина благодарение на Pure Panel филозофијата која го наметнува како сериозен конкурент во компактната класа. Во согласност со новите движења во автомобилската индустрија, компактниот кросовер Руселхајм добива и целосно електричен погон. Со најсовремените технологии и бескомпромисниот дизајн, Mokka-e ја прави е-мобилноста забавна на секој начин.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Renault Megane Conquest

Овој SUV на Renault со купе изглед и атлетска става пристигнува на европскиот пазар опремен со напредна технологија. Сепак, спојот на флуидност, елеганција и робусност, карактеристики со кои можеа да се пофалат единствено возилата на премиум марките, е она што прави овој модел да отскокнува во однос на конкуренцијата.

Прочитајте повеќе:    Авто Плус | CARclub.mkCarsByVik | RPM.mk

Следна Категорија