Како функционира?
Членовите на Н.И.Н.А. формираат листа на нови автомобилски модели презентирани на македонскиот пазар во период од 1ви март до 1ви март односно помеѓу два избора. Списокот ќе биде презентиран пред овластените увозници на нови возила на крајот на есента, а во взаемна комуникација, на истиот може да се најдат модели кои би пристигнале непосредно пред почетокот на гласањето. На листата за гласање ќе се најдат модели кои овластените импортери на нови автомобили ќе ги номинираат.
По прифаќањето на учеството, финалистите се распределуваат во 5 основни категории и тоа:
- Главна Награда – Најпосакуван Автомобил во Македонија за годината,
- Најпосакуван Бизнис Автомобил во Македонија за годината,
- Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија за годината,
- Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија за годината и
- Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија за годината( возила со дополнителен електричен мотор и можност за движење само на струја).
Доколку во годината се појават други карактеристични модели(спортски, перформансни, луксузни итн), најмалку 3(три) од иста категорија, ќе се оформи дополнителна категорија за таа година.
На овој сајт ќе бидат поставени сите модели поделени по категории, а покрај секој модел ќе стојат имињата и линковите на членовите на Изборот кои водат до пост, вест или клип за возилото.
На 15 февруари, ќе биде најавено и овозможено гласање на централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk кое ќе трае до крајот на месецот( 14 дена) и сите ВИЕ ќе имате можност да го дадете Вашиот глас за вашиот фаворит во сите 5 категории. Победниците ќе бидат објавени на 1ви март.
Очекувајте во месеците што следат да ве повикаме да се запознаете со финалистите на некои од нашите промо дружења, каде ќе можете да го дадете Вашето мислење и слушнете нашето. Се гледаме!