Во функција на организатори на Националниот Избор за Најпосакуван Автомобил, како и презентери на автомобилите кои учествуваат, се неколку дигитални автомобилски медиуми од Македонија.
Платформата на која работиме ни дозволува да ги презентираме автомобилите преку неколку различни канали, како и преку различните социјални мрежи – а со тоа да имаме голема и разновидна публика.
Организатори на Златно Тркало се:
Авто Плус
Авто Плус е најстариот автомобилски медиум во Македонија и постои од 1993-тата година во формат на списание. Сега и како веб портал, емисија и секако присутен на социјалните мрежи.
Историјата го памети како иницијатор за создавање на саемот на автомобили АУТОЕКСПО во Скопје, креатор на Жирито за Автомобил на Годината како и Златно Тркало, а во поново време како промотор на електромобилноста кај нас, организатор на бројни настани меѓу кои од 2019 и на Авто Плус Стрит Шоу кое се одржа на улицата Илинденска во Скопје и за прв пат по многу години ги собра сите автомобилски импортери на едно место.
Горд партнер на најстарата европска авто ревија Quattroruote од Италија.
Повеќе: https://www.avtoplus.mk | Facebook | Instagram | YouTube
CARclub.mk
CARclub.mk постои од 2010 и во моментов е еден од најпосетуваните автомобилски медиуми во Македонија. CARclub е единствен автомобилски медиум со активна заедница, но има и присуство на скоро сите социјални мрежи.
Повеќе: https://www.carclub.mk | Facebook | Instagram | YouTube
Cars by Vik
Cars by Vik е наменет за сите ентузијасти, да споредат, дадат мислење или едноставно да добијат информации за сите видови возила кои ни се достапни во Македонија.
Повеќе: http://www.carsbyvik.mk/ | Facebook | Instagram