Финалисти » Градски Автомобил
Ова се кандидатите кои се борат за титулата Златно Тркало – Најпосакуван Нов Градски Автомобил за 2023.
Opel Corsa
Освежената Corsa е унапредена во сите насоки – помоќна, технолошки-понапредна и визуело модернизирана. Со освежувањето, Corsa ги презема дизајнерските насоки од останатите модели во гамата, но истовремено добива и надградена електрична верзија со повеќе моќ и зголемена автономија.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Peugeot 2008
Освежениот бестселер на Peugeot добива нов лик, нови технологии и нови хибридни погони, а електричниот e-2008 добива и повеќе моќност и подобрена автономија.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Dacia Duster
Новата, трета генерација на Dacia Duster ветува дека ќе ја продолжи традицијата на практичен, но достапен семеен автомобил со нескриени теренски амбиции и можности. Новите, современи погонски единици и првиот хибрид во историјата на Duster ветуваат многу.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk
Renault Megane E-Tech
Renault Megane E-Tech избива на сцената како привлечен конкурент во растечкиот сегмент на електрични семејни хечбек модели. Тоа не е само електрична верзија на Megane на бензин; тоа е радикален редизајн кој дава приоритет на уникатните предности на ЕВ платформата.
Прочитајте повеќе: Авто Плус | CARclub.mk | CarsByVik | RPM.mk